Во Домот за култура во Ресен ќе гостува детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“

Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, на барање на Домот за култура „Драги Тозија“ од Ресен денес, 27-ми мај  ќе гостува со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“. Претставата која е наменета за најмладите, ќе се одигра со почеток во 11.00 часот.

Детска балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ е во организација и продукција на НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.