Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.У.(34) од Охрид поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. Пријавениот на 27.08.2013 година од страна на полициски службеници е затекнат на паркинг просторот кај хотел во Охрид и извршен му е преглед при што му е пронајдена најлонска кеса со 13,65 грама марихуана која истиот ден ја набавил од непознато лице од Охрид со намера да ја користи за себе или да ја препродава на други уживатели.