Се коси тревата кај Долни Сарај и Горна Порта

Повисоките температури и врнежите во изминатиов период претставуваа идеални предуслови за бујната вегетација на тревата во охридскиот крај. Службите на „Охридски Комуналец“ максимално се ангажирани со косење на тревата, машински и рачно, насекаде во градот.

IMG106881

 

Денеска рачно се коси тревата и се расчистува просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео.

IMG106911

Исто така се коси тревата околу коловозот на ул. „Кирил и Методиј” до Горна Порта, како и едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на ул. „Крум Точко”.