Демографија на претпријатија

Новосоздадени претпријатија, 2012 година 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија изнесува 8329, од кои најголем број на новосоздадени претпријатија (2198) според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ” (секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20 се исклучени).

Згаснати претпријатија, 2010 година 

Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2010 година, бројот на згаснати претпријатија во Република Македонија изнесува 9794, од кои најголем број на згаснати претпријатија (2985) според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ” (секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20 се исклучени). 

Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

 Новосоздадени претпријатија во 2011 кои преживеале во 2012 година 

Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2011 година, 64.3% преживеале во 2012 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија, чијашто главна дејност според Националната класификација на дејности-НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност Q/H “Дејности на здравствена и социјална заштита” (92.0%) и K/И“ Финансиски дејности и дејности на осигурување – без класа 64.20” (83.3%).