Утре ќе се презентира единствениот проект „Писи-педија“

Утре во просториите на Образовниот Центар „ПИСИ„ ќе биде презентиран единствениот проект: 

„ПИСИ-ПЕДИЈА„ – ИНТЕРНЕТ СОФТВЕР, ГЕНЕРАТОР НА БЕСКОНЕЧЕН БРОЈ НА КОМБИНАЦИИ НА ТЕСТОВИ, ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ОД РЕДОВНАТА УЧИЛИШНА НАСТАВА, СПОРЕД ПРОГРАМИТЕ НА Б.Р.О. на РМ и ПОШИРОКО,

СО ПОСЕБЕН И ОГРОМЕН НАГЛАСОК НА Е-МАТЕМАТИКА

„ПИСИ-ПЕДИЈА“, ГЕНЕРАТОР,  е плод на повеќе од  20 годишно огромно, непрекинато практично искуство на авторите на полето на: Информатиката, Програмирањето, Наставата по: математика, програмирање, физика, … Педагогија, Психологија, Работа со талентирани, Законодавството, …

Мал Вовед: „ПИСИ-ПЕДИЈА“,  нуди:

1. Генерирање на е-тестови за е-вежбање за екстерни тестирања за предмети предвидени според законите за Образование во РМ, 

2. Генерирање на е-тестови за вежбање за тековното, целогодишно  учење и тековни работни вежби и писмени задачи на учениците во РМ, за предмети предвидени според законите за Образование во РМ, за предшколска и училишна возраст,… 

3, Можност за заедничка работа на родители-деца на полето на проверка на знаење на децата од страна на родителите во тековното учење, по огромен број на предмети,..

4. Можност за издавачите за експресни изработки на е-работни тетратки или работни тетратки на хартија по одредени (сите) предмети, на одреден (сите) јазици,..

5. Можност за изработка на соодветни збирки по одредени предмети на одреден (сите) јазици,..

6. Можност за изработка на програми за најмладите од 1-6 год…

  Исто така ќе биде потпишан   меморандум за соработка на „ПИСИ“ со Институтот за работа со талентирани деца на Р.Македонија, Потпис на меморандум за соработка на „ПИСИ„ со „ВЛД„ – Образовен  центар   Ниш, Србија  за имплементација на овој/ваков софтвер во Србија.

Поради големината на овој проект, а поради  предизвикот за успешен МАКЕДОНСКИ софтверски производ како понуда за странство, Образовниот Центар ПИСИ Охрид, ги замолува сите заинтересирани програмери, студенти, талентирани ученици, професори,.. од  Охрид и од целиот регион, да учествуваат со идеи  и соработка во развојот на овој образовен проект.