Во општина Дебрца ќе се одржи прво издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“ – Фолк фест

Во општина Дебрца, с. Требеништа ќе се одржи првото издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“-фолк фест. Фестивалот ќе се одржува 2 дена и тоа, на 21 јуни(сабота) со настап на играорни групи и на 22 јуни(недела) – фестивалска вечер на македонската изворна песна. Подготовките како што велат организаторите се веќе во тек. Досега е потврдено учеството на околу 15 пеачи, меѓу кои познати реномирани имиња од македонската народна песна. 

Фестивалот е во организација на Лав радио Охрид, додека  покровител на културната манифестација е општина Дебрца.

Инаку, огласот е  сеуште отворен за пријавување за настап на овој фестивал .Телефони 046 256 234 ,071 505 094 или на е- маил на радио Лав Охрид radiolavohrid@yahoo.com.

festival