Осмоодделенци од ОУ „Св.Климент Охридски“ дебатираа за изборот на нивната идна професија

Денеска во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид  во рамките на професионалната ориентација  на учениците се одржа дебата на која учествуваа учениците од 8-мо одделение, кои оваа учебна година го завршуваат основното образование.

Учениците аргументирано дискутираа за факторите кои влијаат врз изборот  на нивната идна професија. На дебатата тие ја докажаа и покажаа својата решителност, зрелост критичкото размислување и вербалнате способности. Дебатата се водеше во присуство на директорот, наставниците и стручните соработници на училиштето.

 На сите нив им посакуваме добар и успешен избор на идната професија.

DebataSvKliment1 DebataSvKliment2 DebataSvKliment3