Продолжи асфалтирањето на ул. „Ѓорги Сугаре“

Во насока на подобрување на патната инфраструктура Локалната самоуправа со забрзано темпо во пресрет на летната туристичка сезона ја реализира програмата за комунален развој. Изминатиот период се вршеа повеќе инфраструктурни зафати во населба 15-ти Корпус. 

Асфалтирање на улицата „Ѓорги Сугаре“ се врши во две фази. Во првата фаза се асфалтираше крак со површина од 760 м2, а во втората фаза се асфалтира крак со површина од 700 м2 или вкупно се асфалтира површина од 1 460 м2. Претходно на оваа улица се изврши поврзување на канализационата мрежа, а се реконструира и дел од постојаната водоводна мрежа.

Gjorgi_Sugare_4853