Фондацијата “Херитиџ” оваа година меѓу 180 земји според економските слободи ја рангираше Македонија на високото 43. место. Преку измерените 10 индекси во четири области нашата држава се најде на лидерска позиција во Југоисточна Европа и пред дваесетина европски земји.
Премиерот Никола Груевски истакна дека напорите што Македонија ги правеше во минатиот период се валоризираат во извештајот затоа што земјава прави сериозен скок од 2006-та до сега за цели 35 места на ранг-листата за слобода на економијата.
„Македонија е пласирана на 43-тото место, што е подобро од било која земја во регионот, но и подобро од многу земји-членки на Европската Унија, како што се Франција, Италија, Шпанија, Полска, Унгарија и поголем број други држави кои долг период се членки на Европската Унија. Сепак „Херетиџ“ фондацијата наоѓа дека Македонија е многу подобро рангирана и има многу подобри услови за слобода на економијата“, рече премиерот.
Груевски истакна дека е значајно тоа што овој извештај мери 4 области со по 10 индикатори и Македонија во многу од нив бележи напредок.