Во рамките на проектот Амбасадори на живиот свет во охридското езеро денес 2/Јуни беше одржано предавање пред учениците на охридската Гимназија.
На предавањето Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро ги запозна учениците со параметрите на Охридското Езеро и со начините за подигање на еколошката свест. Проф. Д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод со илустрации ги објасна карактеристиките на видовите риби во Охридското езеро и тоа на автохтоните и алохтоните.
Радован Димитриески кој е лидер на проектот ги презентираше пред учениците риболовниот алат кој се корискти за спортски риболов.
Идејата на проектот е подигање на свеста на учениците а заштита на охридското езеро и запознавање со неговиот рибен фонд.