Меѓународна конференција за водоснабдување и отпадни води

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев,  утрово ја прогласи за отворена  четвртата меѓународна конференција  за водоснабдување  и отпадни води што  денес и утре се одржува во Охрид . Учесниците на  научната средба ќе  расправата за водо- снабдувањето и одведувањето  на отпадните води   како  едно од клучните прашања за иднината на човештвото.

„Ние сме подрачје богато со вода, но тоа не значи дека можеме нерационално да се однесуваме со ова ретко природно богатство. Охридското Езеро е едно од трите најстари природни езера во светот и најголемиот  базен со чиста вода за пиење во Европа. Не случајно светската стручна јавност , посебно Охридското Езеро  како природна реткост и посебно Охрид  како културно богатство, предложила да бидат под заштита на УНЕСКО. Тоа е голема привилегија но и голема одговорност  за нивна заштита. Имајќи ја во вид таквата одговорност , во Охрид пред повеќе од 25 години се изгради колекторскиот систем  за одведување на отпадните води и може слободно да речеме  почна процесот за целосна заштита на Охридското Езеро. Системот до сега повеќе пати со помош на странски донации е доградуван , а во тек се и активности  за негова реконструкција и продолжување на опфатот. Целта ни е да се направи целосен колекторски систем  кој ќе го штити  езерото од македонска и албанска страна“,    рече заменик градоначалникот Јанев.

На конференцијата  учествуваат претставници од Македонија, Србија,  Босна  и Херцеговина, Црна Гора, Словенија ,Албанија, Унгарија, Германија и други европски земји