СВР Охрид ќе се вклучи во хуманата акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на здружението на новинарите од Охрид, активно ќе се вклучи во хуманата акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид.

Сакајќи, нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно  детство и среќен живот, сите вработените во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел.

Искрено сакаме да го дадеме својот придонес кон побрзо собирање на потребните парични средства за нашиот млад охриѓанец на кого, од срце му  посакуваме успешна операција, добро здравје, да се врати меѓу своите другари, да има среќно детство и заедно со неговото семејство да им се радува на убавините на животот.