ДЗС: Највисока стапка на слободни работни места има во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, стапката на слободните работни места изнесува 1.49%. 

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ѓ – Градежништво и изнесува 2.59%, додека најмала е стапката во секторот Ј – Дејности во врска со недвижен имот каде што изнесува 0.18%. 

Деловните субјкети со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.71%. 

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.05%. Најголем број на слободни работни места, односно 1 646, има во осмата групата на занимања – Ракувачи и составувачи на машини и постројки.