Утре, среда во Охрид свечено ќе биде отворена Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од првата Светска војна – Безбедност и евроатлански интеграции. Конференцијата во организација на Факултетот за безбедност-Скопје ќе се одржува престојните два дена во Охрид. Свое учество ќе земат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Македонија и др.
Овој голем меѓународен научен собир за безбедноста се одржува по петти пат во регионот. Над 100 меѓународни професори и научни ќе презентираат свои трудови и воедно ќе дебатиртаат на следните теми: Балканот и Македонија во геостратешките концепти на европските држави и интереси; Балканот, националните држави и европската интеграција; Полицијата и меѓуполициската соработка на Балканот; Стопанската и трговската размена на Балканот; Демократија, правна држава, човекови права, нивно унапредување и облици на заштита; Кривична правда, криминална политика и виктимизација; Геополитиката во 21-от век и појавата на нови социо-криминолошки типови на криминал.