Во сабота, на 14 јуни со почеток во 20 часот во малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе гостува Австралиско Македонскиот Театар од Сиднеј, со театарската претстава „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, а во режија на Стефо Нанцу. Влезот чини 100 денари.
Инаку, ова е 12-та престава пред самата турнеја во Македонија, каде претставата ќе се прикажува и во Скопје на 4-ти јуни, Велес на 6-ти, Штип на 7-ми, Струмица на 9-ти, Прилеп на 10-ти, Битола на 13-ти и во Охрид на 14-ти јуни.