Започнува реализацијата на проектот за модерен Градски Пазар

Јавното Претпријатие  Градски Пазар денес го распиша тендерот за избор на најповолна понуда за градба на новиот објект на пазарот преку јавно – приватно партнерство.

Според тоа што стои во документацијата на повикот, а која пак произлегува од изготвената физибилити студија, објектот кој треба да се гради е со бруто површина од 6  779 метри квадратни , на три нивоа приземје  и  два ката .Предвиден е и подземен` паркинг  со  150  паркинг места .

Според физибилити  студијата,  постои економска оправданост од проектот само ако Општината добие 1 230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето, кој треба да е опремен со 192 тезги по хасап стандардите, што е обврска на инвеститорот. На приземјето 341, 5 метри квадратни се предвидени за  деловен простор.

Вториот кат  ќе биде во сопственост на приватниот инвеститор.

На третиот кат  Општина Охрид   треба да добие 713 метри квадратни и од тука почнува наддавањето односно  кој ќе даде најдобра понуда  тој ќе биде избран на тендерот.

Приватниот партнер  е обврзан да ги реконструира фасадата и кровот  на постојниот објект на ЈП  Градски Пазар.  Предвидено е да се реконструира и објектот   за продажба на јајца и млечни производи. Тој ќе ја задржи истата висина а ќе има приземје и кат.  

Приватниот партнер ќе биде обврзан за период од шест месеци  да обезбеди  плати и придонеси за сите 31 вработен во ЈП Градски Пазар.

Gradski_pazar165413214851