Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15 јуни до 15 септември 2014 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи: 1) Потврда за статусот на студент и 2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:
– Управа за јавни приходи
– Генерална дирекција Скопје
– Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје
– Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“
Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на интернет страницата на УЈП, заклучно со 10.06.2014 година (вторник).
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши Секторот за човечки ресурси врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.