53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе се одржи од 6 до 11 јули

Oвогодинешното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од  6 до 11 јули 2014 година ќе го одбележи 53-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот, на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Годинава  на Балканскиот фестивал најавено е учество на 12 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Полска, Словенија, Грција, Србија, Турција, како и фолклорни друштва на нашите иселеници од Мелбурн, Австралија.

Отварањето на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, кој ова фестивалско издание ќе го отвори со сосема нова програма, заеднички со настап на Ансамблот „Гоце Делчев“ од Неврокоп, Република Бугарија.

Манифестацијата е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Предвидена е следнава програма:

6 Јули (Недела)
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 53-от БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ”
-Ансамбл “Гоце Делчев” од Гоце Делчев– Бугарија 5,6

7 Јули (Понеделник)
-Ансамбл од Видовец, Вараждин – ХРВАТСКА 6,7,8
– МКУД “Александар Македонски III” од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА 7

8 Јули (Вторник)
– Ансамбл “Зета” од Подгорица, ЦРНА ГОРА 7,8
-Ансамбл “Zepstol Istebna” од регионот Истебна, ПОЛСКА 7,8,9

9 Јули (Среда)
– Ансамбл од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА 9
-Ансамбл од Ново Место , Словенија 9

10 Јули (Четврток)
-Ансамбл од Солун , Грција 9,10
– Ансамбл до Војводина , Србија 9,10,11

11 Јули (Петок)
СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ СО
– Ансамбл од Јалова , ТУРЦИЈА 10,11,12
-Ансамбли од МАКЕДОНИЈА