Пониски трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за првото тримесечје од 2013 година, се пониски за 1.6%.

Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1.8%, трошоците за материјали се пониски за 1.4%, а трошоците за вработените се пониски за 3.1%.

 Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со првото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1.6%, трошоците за материјали се пониски за 3.1%, а трошоците за вработените се повисоки за 3.2%.