Светски ден на океаните

Прославата на Светскиот ден на океаните 2014 се совпаѓа со првиот ден од дваесет и четвртиот состанок на државите членки на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на морињата. Оваа година, исто така се одбележува и дваесеттата годишнина од стапувањето на сила на Конвенцијата. За Светскиот ден на океаните , темата за оваа година е: „Заедно, ние имаме моќ да ги заштитиме океаните“.

„Ние треба да се осигураме дека океаните продолжуваат да ги задоволуваат нашите потреби без да ги загрозат можностите на идните генерации. Тие ја регулираат климата на планетата и се значаен извор на храна. Нивната површина обезбедува значаен премин за глобалната трговија, додека пак нивните длабочини содржат сегашни и идни решенија за енергетските потреби на човештвото.“ – истакна Бан Ки-мун – генералниот секретар на ОН, по повод овој Ден.