Цените на угостителските услуги во мај исти како претходниот месец

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во споредба со април 2014 година, остана на исто ниво. 

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.5%. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.4%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.2%.