Во Охрид ќе се одржи 4-иот Македонски Ендокринолошки конгрес со меѓународно учество

Во Охрид од 1 до 4 октомври 2014 ќе се одржи 4-иот Македонски Ендокринолошки Конгрес со меѓународно учество, во организација на Научното здружение на ендокринолози и дијабе-толозина Македонија и Универзитетската Клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот од Скопје, Македонија.

„Конгресот го организираме после 6 години, временски период за кој се слу-чија многу новини во областа на ендо-кринологијата и дијабетесот и поради тоа овој настан може да се смета како главен настан во развојот и надградувањето на знаењата за оваа област во нашата земја. Во оваа смисла, со анализа на достигну-вањата во областа на ендокринологијата од последните години ќе можеме подо-бро да ги разбереме ограничувањата, ризиците и предностите на нашите дијагностичкии терапевтски приоди.“ – истакнуваат од Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Република Македонија.  

Оттаму се надеваат дека овој Конгрес ќе биде место каде ќе се разменат информациите, новините, искуствата и актуелните случувања со разноврсен, актуелен и интересен програм, составен од научниот одбор, како и со извонредни предавачи од Македонија и светот.

Охрид, градот на историјата и бројните манастири, колевка на православната духовност, наречен душа на Балканот, е совршено место за организација на Конгресот и ќе овозможи сите учесници да се чувствуваат како дома.“– додаваат оттаму.