Во понеделник ќе биде најавена годинешната програма за фестивалот Охридско лето

Во понеделник, во прес центарот на фестивалот Охридско лето, на конференцијата за печат, директорот на НУ „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичкиот и драмскиот дел, Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорги Јолевски, ќе ја најават годинешната фестивалска програма, а ќе бидат промовирани и новините предвидени за годинешното издание на Охридско лето.

Исто така, ќе биде поделена и комплетната уметничка програма зедно со цените на влезните билети,  со што фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните уметници и реномираните театарски куќи.