Согласно програмсклите активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во однос на организирање на Инфо тури за странски новинари, започна и соработката со европскиот ТВ канал АРТЕ.
Директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски на интернационалниот саем за туризам во Берлин, на кој учествуваше и Македонија оствари првична средба со продуцентот и новинар Мирјана Момирович, АРТЕ ТВ. Во месец март оваа година, АППТ организираше инфо тура за г-ѓа Момирович преку која се запозна со природните и културните убавини на нашата земја. Со нескриено воодушевување од богатствата која ги има нашата земја и заедно со уредниците на телевизискиот канал АРТЕ кој е во Германско-Француска продукција одлучија да се зголеми документарната репортажа за Македонија на 45 минути, која ќе се емитува на германски и француски јазик.
Мирјана Момирович како продуцент заедно со нејзината екипа започнaа со снимање на 06.06 и ќе се снима до 18.06.2014.
Снимањето започна во Скопје со претставување на македонскиот рубин и филигранството. Природните убавини на кањон Матка и пештерата Врело. Ќе продолжат за Маврово, Галичник, Јанче, Лазареполе, и манастирот Св Јован Бигорски. Неизбежна е приказната за Охрид, Галичица, Св. Наум и охридскиот бисер. Дојранското езеро и ловењето риба со корморани е уште една приказна на која не можеа да останат рамнодушни. Завршуваат со винскиот регион во Македонија и винската приказна на тиквешијата.
Организациски и логистички снимањето на овој документарец е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која детално ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.