Египќаните со оптимистички погледи кон новата Влада, се надеваат за нивна партиципација

Денес, над 30.000 припадници на етничката заедница на Египќаните, положуваат големи надежи, во Новата Влада на Р.Македонија, предводена од Премиерот, г дин Никола Груевски.

Египќаните  беа мегу привите, кои јавно и недвосмислено застанаа зад кандидатот за Претседател на ВМРО ДПМНЕ, ПРОФ. Д р. Ѓорге Иванов, беа мегу првите кои ги подржаа листите за кандидати за пратеници, на политичкиот субјект на ВМРО ДПМНЕ,кои подоцна ги доби изборите. Како резултат на таа ,,природна коалиција. Египќаните  беа спомнати  како посебен етникум , после цели 12 години, и тоа од страна на највисоките фукционери,  со посебен нагласок на  Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески и Премиерот на Р.Македонија, г дин Никола Груевски. 

Тоа ни ги подгрева надежите, дека  конечно ке бидеме ,,извлечени,, од  маргините  на севкупното живеење. Египканите, инвестираа во институционално интегрирање, зачувување на нивната посебност, и развој на демократските начела и принципи.

Подршката  која ја дадовме за време на Претседателските и Предвремените  Парламентарни избори, на ВМРО ДПМНЕ, не  треба да дозволиме да бидеме пасивни и да чекаме ,,милостиња,,. Едноставно, имаме  интелектуален потенцијал, и нашите легитимни барања да партиципираме во Извршната власт, во вториот или третиот ешалон, ќе преставува не само   навидна ,,привилегија,, туку  и одговорност, а Р.Македонија  би испратила јасна порака до мегународната заедница дека и тоа како  внимава  на ранливите  етникуми и нивните   ,,малцински права,, во едни хетерогени општества, кои  изобилуваат со мнногу различности, што треба да се перципира како предност , а не како хендикеп.

Во услови, кога  за наш  најголем  лобист и подржувач на Египќаните , имаме еден модерен политичар, од рангот на д-р Никола Бакрачески, не треба ниту како индивидуи ниту како колективитет, да стагнираме, напротив треба да бидеме дел од една демократска реакција за наша партиципација во севкупниот живот.

  Со почит

Демир Далип-овластен претставник на Египканите за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.