Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во мај 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.3% во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 3.5%, другите пецива за 2.0%, свежиот зеленчук за 1.5%, конзервираната риба за 1.2%, сувото овошје за 0.7%, конзервираните месни производи за 0.5%, преработките од млеко за 0.4%, рибата, шеќер, џем, чоколади и др. кондиторски производи за 0.3% и другите неспомнати прехранбени производи за 2.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3.7%, авионскиот превоз на патници за 2.9%, течните горива за домаќинствата за 1.9%, течните горива и мазива за 1.7%, цврстите горива и здравствените услуги за 0.5%.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1%, јајцата за 1.0%, трајните кобасичарски производи за 0.5%, тестенините и безалкохолните пијалаци за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Во мај, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за рекреација и култура за 3.0%, фармацевтските производи за 0.6% и средствата за чистење и оддржување на домаќинствата за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, бележи намалување
од 0.6%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.7%.