Поставен е нов асфалт на улицата која од населбата „Радојца Новичиќ“ води до селото Долно Лакочереј со должина од 1 400 метри. Проектот е на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид, а се изведува во соработка со Агенцијата за државни патишта. На асфалтирањето му претходеше подготовка на теренот и поставување на нова канализациона мрежа во должина од 1 200 метри.
Во наредниов период се подготвува за асфалтирање вториот дел од патот што ги поврзува селата Долно и Горно Лакочереј.