Охрид-Преспа регионот прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

На седницата на Меѓународниот Комитет на УНЕСКО која се одржува во Јонкопинг, Шведска, една од точките беше и прогласувањето на Охрид-Преспа за прекуграничен Биосферен резерват под УНЕСКО, кое прогласување беше едногласно од страна на членките на Комитетот.

Носител на номинацијата беше Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро поддржан од МАБ комитетите, Министерствата за животна средина и Националните Комисии на УНЕСКО на Македонија и Албанија.

Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат во обраќањето пред УНЕСКО МАБ комитетот истакна дека: „Создавањето на биосферен резерват е сублимат на сите постојни заштитени појаси во регионот и новиот статус  треба да го засили интересот во светот за нашиот регион како од еколошки така и од инвестициски аспект. Одлуката е признание на посветеноста и на вредностите и таа е одличен импулс за засилена туристичка промоција и со тоа поголема економска добивка на регионот. Луѓето и биосферата се едно тело преку одржливиот развој. Биосферниот резерват е огромна инвестиција за иднината на Охрид и Преспа“.

ProglasuvanjeBiosferen