Ново асфалтирана улица до Долно Лакочереј

Поставен е нов асфалт на улицата која од населбата „Радојца Новичиќ“ води до селото Долно Лакочереј со должина од 1 400 метри. Проектот е на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид, а се изведува во соработка со Агенцијата за државни патишта. На асфалтирањето му претходеше подготовка на теренот и поставување на нова канализациона мрежа во должина од 1 200 метри.

Во наредниов период се  подготвува за асфалтирање  вториот дел од патот што ги поврзува  селата Долно и Горно Лакочереј.

Dolno_Lakocerej_4854 Dolno_Lakocerej_4852 Dolno_Lakocerej_4851