ДЗС: Стапката на невработеност падна на 28,4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958 392 лица од кои вработени се 686 277, а 272 115 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност 41.0, додека стапката на невработеност 28.4.