Ѓоко Танески и Дамјан Пејчиноски дел од хуманитарната акција на новинарите

Утре во спортската сала „Тодор Александров “ во Велгошти, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид со голема роденденска забава ќе го одбележи јубилејот, десет години од формирањето на клубот.

Ќе има голема роденденска торта, а заедно со новинарите од Охрид ќе биде организиран и хуманитарен концерт за помош на  болно 11 годишно момче од Охрид на кое му неопходна операција во Пекинг.

Веќе познатите Ѓоко Танески и Дамјан Пејчиноски и ред други млади охридски групи ќе се обидат роденденската и хуманитарна журка да им остане пред се’ во добро сеќавање на младите кошаркари и сите кои на еден или друг начин се поврзани со клубот и кошарката во Охрид.