Претседателот Иванов даруваше крв – Одбележан Светскиот ден на крводарителство

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска даруваше крв на манифестацијата организирана по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителство, која се одржа во центарот за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје.

Светскиот ден на крводарителство, кој по единаесетти пат се одржува оваа година, е под мотото „Дарувајте крв за мајките кои даваат живот, а во организација на „Клуб 25„ на Црвен Крст на Република Македонија. Крводарителството во Република Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност.