На градскиот пазар утре ќе се продаваат оригами и цреши направени од хартија за спас на 11 годишното болно охриѓанче

Црвениот крст и децата од Бреинобреин школата од Охрид утре со почеток од 10 часот на Градскиот пазар, ќе продаваат оригами и цреши направени од хартија, со што ќе помогнат во прибирањето средства за болното охриѓанче.

На денешната прошетка во селото Велестово дечињата ја покажаа својата креативност, но и хуманост сакајќи да направат што повеќе предмети за да, како што рекоа, соберат што повеќе пари.

Инаку изминатиов месец Охрид живее во духот на хуманоста. Бројни акции се прават за да се соберат потребните средства за спас на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест (прогресивна мускулна дистрофија). Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг,  која чини 35 000  евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците  за оперирање и лекување.

Токму затоа новинарите ја покренаа акцијата „Заедно можеме да спасиме еден детски живот“ !