Реакција на ЈПК „Дебрца“ во врска со соопштението на СДСМ Дебарца

Во врска со вчерашното соопштение од СДСМ Дебарца, во кое беа обвинети надлежните за состојбата на јавните површини низ селата во општината Дебарца, реакција испрати ЈПК „Дебрца“ во која стои:

„Врз основа на прикажаната „загрижувачка состојба за јавната површина“ од страна на СДСМ и приложените слики, сигурно и самиот фотограф е свесен дека сликал приватни ниви, кои ЈПК „Дебрца“ не може и нема овластување да ги одржува тие приватни имоти, туку стриктно јавни површини.

Напоменуваме дека косењето на јавните површини се одвива со предвидена динамика, и уште да потсетиме дека во општина Дебарца има 30-тина села, и сите се опфатени во програмата за косење и чистење.“ – стои во реакцијата од ЈПК „Дебрца“.