Воспоставување на првата бродска линија Охрид – Поградец

Во вторник, на 17 јуни,  на пристаништето во Охрид свечено ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија помеѓу Охрид и Поградец.

Станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно.

Настанот ќе се одржи во 11:00 часот и на истиот ќе присуствува Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.