Поскапува бензинот, дизелот останува со иста цена

Од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар и со тоа  од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 81денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,5 денари за литар. Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи за 68 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57 денари за литар..

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,235 денари по килограм и ќе чини  41,871 денари.

Како причина за зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,49 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,86 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот