Одржана 17-та седница на Советот на Општина Дебарца

Денес во 14:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Дебарца се одржа 17-та седница, при што на дневен ред беа ставени деветнаесет точки меѓу кои и точката за субвенционирање на сите неженети лица кои се жители на општина Дебарца и имаат над 35 години, кои доколку стапат во брак ќе добијат материјална помош во вредност од 30 000 денари.