Од денеска, 17 јуни, вторник, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Од Министерството за информатичко општество и администрација информираат дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay Pal Send.
„Ова е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се водеа уште од 2008 година и постојаните контакти со нив, при што изминатиов период Република Македонија беше ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal.“– велат од министерството.
Претходно од страна на Министерството за информатичко општество и администрација беа исполнети сите предуслови за доаѓањето на PayPal и беше усогласена неопходната законска регулатива.
Контактите на Министерството за информатичко општество и администрација и оваа компанија и натаму ќе продолжат со цел понатамошно унапредување на соработката.