Согласно програмските активности за 2014 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација “BNN Network”.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ и економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Утрехт, Холандија на кој учествуваше и Македонија остварија првична средба со претставници на водечкото ТВ шоу “Channel 3 Travels” кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Nederland 3”.
ТВ екипата од Холандија започна со снимање на 16.06 и ќе снима до 22.06.2014, а ја сочинуваат продуцентот Ar-Co Gnocchi, пртезентер Dennis Storm, режисер Ruud Martijn Slot и камерман Rafiek Williams.
Со нескриено воодушевување од богатствата која ги има нашата земја снимањето ќе започне во Скопје со претставување на старите занаети во Скопската чаршија, тврдината Кале, Даут Пашин Амам, Спомен куќата на Мајка Тереза, Милениумскиот крст на Водно и кањон Матка. Неизбежни се специјалитетите од македонската кујна, ќе ги посетат македонските традиционални ресторани и кафе барови. Ќе продолжат за Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс “Св Наум”.
Огранизациски и логистички снимањето на овој документарец е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.