Свети литургии по повод празникот Св.Наум Охридски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули 2017 година (недела), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 3 јули 2017 година (понеделник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на…

повеќе...

Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

На 17.06.2017 година во 17:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (18) од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (25) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на…

повеќе...

Училиштето во Пештани го чествува својот патрон Свети Наум

По повод патрониот празник на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани, утре, недела, ќе се одржи свечена прослава и осветување на фреска на Св. Наум во холот на училиштето. Осветувањето на фреската ќе биде со почеток во 17:00 часот, а со него ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски по што и ќе започне свечената приредба подготвена од учениците и нивните наставници. „Нашето училиште има особена чест и со гордост го носи името на чудотворниот учител Свети Наум Охридски и токму по повод овој наш празник упатуваме покана до сите…

повеќе...

Акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Свети Наум

По налог на општинскиот инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ повторно организира акција за расчистување на расфрланиот отпад околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Расфрланите отпадоци (хартија, пластика, лименки и друг вид отпад) се расчистуваат од тревниот дел покрај коловозните ленти, а акцијата ќе се реализира етапно и ќе продолжи и во наредната седмица, заради должината на делницата. Во акцијата се ангажирани пет комунални работници и механизација. Потребата од реализирање на вакви акции е неминовност која произлегува од ниската култура на поединци заради кои се стекнува генерален погрешен впечаток за хигиената на оваа делница.…

повеќе...

Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум“

По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец“ денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум“. „По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св. Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.“– велат од претпријатието.  

повеќе...

Масовно посетен манастирскиот комплекс „Свети Наум“

Одбележан празникот посветен на Преподобен Наум Чудотворец. Голем број верници од Охрид и околината, се поклонија пред чудотворецот Наум.  Дел од посетителите убавото време го искориситија за прошетки, за разгледување на новиот изглед на комплексот, а дел од нив и се капеа во езерото. А. Андриоски/WebOhrid

повеќе...

Света архиерејска литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“

Денес (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

повеќе...

Ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 3 јули 2012 година (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува…

повеќе...

Репортажи за Македонија ќе се снимаат за холандското ТВ шоу “Channel 3 Travels”

Согласно програмските активности за 2014 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација “BNN Network”. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ и економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Утрехт, Холандија на кој учествуваше и Македонија остварија првична средба со претставници на водечкото ТВ шоу “Channel 3 Travels” кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Nederland 3”.   ТВ екипата од Холандија започна со снимање на 16.06 и ќе снима до…

повеќе...