Кристијан Наумовски се врати во Динамо Букурешт

По неколку месеци поминати во Бугарија во тимот на Левски Софија, Кристијан Наумовски повторно се врати во Динамо Букурешт во Романија. За тимот на Динамо, Наумовски бранеше четири сезони од 2010 до 2014 година кога ги освои романскиот Куп, како и Супер-купот на Романија во 2012 година.

За официјалната веб-страна на Динамо Букурешт, Наумовски изјави дека е среќен што е повторно назад во тимот, и дека ќе даде се од себе повторно да го види тимот на врвот од табелата во Првата Лига во Романија. 

WebOhrid