Единицата за општ криминал до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава гo предаде лицeто А.Љ. (31) од Скопје поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело – “разбојништво“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 46.034 денари.
Горепријавениот, кривичното дело го извршил вчера (18.06.) на бул. “Крсте Мисирков“ околу 07,20 часот во експозитура на АД “Македонски Пошти“ на тој начин што вооружен со пиштол во раката и детска пластична маска „Спајдермен“ на лицето влегол во просторот за странки, насилно ја отворил незаклучената вратичка за влез во шалтерскиот простор, влегол зад работниот пулт, и со закана со пиштолот од вработените побарал да ја отворат касата по што едната од нив го земала клучот од касата и ја отклучила.
Од касата одзел околу 1.500 денари а од работните бироа од фиоките пронашол и украл уште 44.534 денари, и со одземените пари, вкупно 46.034 денари го напуштил местото на настанот бегајќи во правец кон Хотел „Арка“. Покрај преноќувалиштето „Виена“ ја фрлил маската и дошол пред хотелот „Хамбург“ лоциран на бул.„Крсте Мисирков“ каде што бил вработен. Откако А.Љ. влегол во хотелот отишол во тоалет и во разводната кутијата од цевките за парно го сокрил сивиот дуксер, а во машката гардероба од хотелот го сокрил ранецот заедно со пиштолот и ракавицата и откако се преоблекол во одело го напуштил хотелот.
Од страна на ПС од ОИД извршен е претрес при што се пронајдени еден спортски ранец „ЈР“, црно-сина боја, еден пластичен пиштол црна боја, една маска „спајдермен“ со отвори за очите, и пари.
Во ПС ОН Гази Баба извршен е службен разговор со пријавениот во кој тој во целост појаснил кога, каде и како го извршил наведеното кривично дело. СВР Скопје превзема мерки и активности за расветлување и на други кривични дела извршени од страна на ова лице.