Објавен Конкурс за избор на селектор на репрезентацијата до 21 година

ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА 

Распишува јавен конкурс за избор на Селектор на Национален 

Репрезентативен тим за играчи до 21 година 

Кандидатите кои ќе испраќаат документи во врска со овој конкурс треба да ги исполнат следниве критeриуми: 

Општи услови: 

1. Да поседува валидна УЕФА Про Диплома 

2. Да има континуитет во работата како Шеф на Стручен Штаб во сениорска екипа во Прва МФЛ или Национален Тим и тоа најмалку 1 (една) во последните 3 (три) години. 

3. Познавање на еден светски јазик (Англиски, Германски или Француски) 

4. Автобиографија (CV) 

5. Мотивациско писмо 

Документите да се достават до Комисија на фудбалски Тренери на ФФМ најкасно до 5 Јули 2014 на адреса: Бул. АСНОМ бб, 1000 Скопје со назнака за Конкурс за Селектор У-21. 

Или по електронска пошта на: zoran.stratev@ffm.com.mk 

Со почит, 

Фудбалска Федерација на Македонија