Отворена 30-та јубилејна Интернационална уметничка колонија

Овие мигови се од посебно значење за културниот развој на Општина Дебрца, мигови кога започнува уште едно издание на Ликовната колонија во с. Белчишта. Токму денес се согледува значењето на ликовната колонија и нејзините дела кои се презентираат. Историјатот говори дека од 1985 година до денес делата кои се презентирани и тоа како имаат влијание и го осликуваат секој сегмент од делувањето на општеството опфаќајќи ја пред се општина Дебрца. Преку овие дела денес слободно можеме да согледаме различни уметнички правци, различни тематики кои пред се покрај уметничка имаат и едукативна содржина.

Ликовната колонија со своето значење се издигнува повеќе од традиционален културен настан, таа е олицетворение на уметноста на Општина Дебрца. Нејзиното значење и секоегодишно поставување е потсетување на секоја измината година на оддржување на ликовната колонија во која се презентирани преку  600 уметнички дела.

Значењето на локовната колонија ја согледале голем број на посетители во изминативегодини, кој со своето присуство само ја потврдиле големината на овој културен настан. Сигурни сме дека Ликовната колонија и понатаму во годините кои доаѓаат ќе преставува најзначаен културен бисер со кој се краси Општина Дебрца.

Токму поради тоа особена чест и задоволство ми преставува и оваа година со уште поголем интензитет и со поголема содржина да биде преставена Ликовната колонија во с. Белчишта, Општина Дебрца во траење од десет дена.