Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги презентираа стекнатите кулинарски вештини

Учениците од средното угостителско- туристичко училиште „Ванчо Питошески“ го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување  на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, како и нивно послужување.

ugostitelsko_matura_400_2_cr

За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок. Со задоволство им покажаа на присутните што научиле, бидејќи трудот и нивното дело се гледаа.Во дегустацијата  уживаа и учениците, видно задоволни од она што го подготвиле.

„Учениците си обезбедуваат работа додека посетуваат практична настава бидејќи работодавците го  препознаваат квалитетот. Затоа треба да се даде акцент на средното стручно образование бидејќи на пазарот на трудот недостасуваат такви кадри“, велат од училиштето.

ugostitelsko_matura_400_1

На 23 и 24 јуни средното угостителско-туристичко училиште ја очекува новата генерација готвачи, слаткари, келнери, угостителски техничари, хотелско-туристички техничари и угостителски техничари за рурален туризам.