Денот на Охридското Езеро годинава ќе се одбележува во Поградец

Делегација од Општина Охрид утре ќе учествува на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро – 21 јуни, што годинава се одржува во Поградец, Република Албанија. 

Гостите од Охрид во Алнабија ќе  пристигнат во 10 часот а еден час подоцна ќе го посетат саемот на традиционаллни производи, по што ќе ги проследат и културните и спортски манифестации.

По повод денот на езерото,  утре во албанскиот град Поградец свечено ќе бидат отворени два хотелски капацитети. Инаку, почнувајки од 2 000 година на 21 јуни со различни активности се одбележува Денот на Охридското Езеро, а по принципот на ротација домаќин е еден од трите езерски градови, Охрид, Струга и Поградец.