Конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ. Условите за учество на Конкурсот се:

1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;

2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;

3. Авторството се докажува со четвртиот примерок;

4. Краен рок за доставување на трудовите е 20.07.2014 година;

5. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат наjдоцна до  31.07.2014 година.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на 13.08.2014 година на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.