Услови за патување во земјите членки на ЕУ

Во чл.5 точка Ц од “Шенген бордер код” се наведени условите за влез во ЕУ за државјани на трети земји каде е напишано дека треба да ги исполнуваат условите за влез и престој во државите членки на ЕУ како и да поседуваат доволно парични средства за издржување како за периодот на престојот, така и за враќање во државата од која доаѓа или за патување во трета држава во која е сигурно дека ќе биде прифатен, или не е во можност законски да се стекне со тие средства.

Во чл.34 точка Ц е Нотификацијата во која е наведено дека секоја Земја членка во ЕУ си има свој тарифник за влез на државјани на трети земји кој е утврден од страна на нивната Влада – националните власти.

Тука може да го погледнете анекс 25 во кој децидно е наведено колку парични средства треба да поседуваат граѓаните на трети земји за влез во секоја земја членка на ЕУ поединечно.

download