Повик за учество на летниот семинар на СДММ кој ќе се одржи во Охрид

Социјалдемократската Мадина на Македонија објавува Повик за учество на летниот семинар на СДММ 2014 година.

Социјалдемократската младина на Македонија,  во соработка со Институтот за социјална демократија Прогрес, а со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија и Фондацијата Фридрих Еберт од Германија – Канцеларија во Скопје, и оваа година традиционално ќе организира летен семинар за млади социјалдемократи 2014 година, кој ќе се одржи во периодот од 03. до 06. јули во хотел Десарет, Охрид.

Оваа година на семинарот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи. Учесниците ќе бидат поделени во три работни групи на дадените теми:  „Техники за дебата”, „Нови медиуми” и „Родови прашања”.

Традиционално, гостин на летниот семинар ќе бидат Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев како и други претставници на партиското раководство.

Заради зголемениот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на:

 – Родовата застапеност

– Застапеноста на различни региони

– Пријавените кандидати прв пат да земат учество на овој семинар

 Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:

– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 26 години;

– да испратат CV и партиска биографија ( во која треба да се наведе и кои две теми од горенаведените, кандидатот е заинтересиран да ги обработи на летниот семинар)

Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на  следниотe-mail: letenseminar2014@gmail.com, најдоцна до среда, 25.06.2014 година.

Напомена: Само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Трошоците за сместување, редовни оброци и превоз се на сметка на организаторот. Присуството на сите предавања на семинарот е задолжително, во спротивно учесниците сами ќе треба да ги подмират трошоците за сместување, редовни оброци и превоз.