Во Охрид ќе се одржи конференција за користење на социјални медиуми

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција, чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво. Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија, која се организира од 5 до 7 Јули 2014 г.  

На оваа конференција се очекува да присуствуваат претставници/членови на здруженија на граѓани, како и млади новинари кои работат или соработуваат со електронски и печатени медиуми. 

Сите заинтересирани за учество на конференцијата би требало да испратат пополнета апликација заедно со стручна биографија (не повеќе од 1 страна) на следната адреса: jperoska@irz.org.mk најдоцна до 25 Јуни 2014 година до 12 часот.  Само одбраните кандидати ќе бидат поканети за учество. Предлогот за учество треба да биде потврден и од организацијата/институцијата со која што апликантот соработува (со потпис и печат на самата апликација).